За една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките

Од:

За една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното, а медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“, информира министерот за здравство Венко Филипче.

– За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките. Новиот кадар е потребен за да помогне на медицинскиот персонал кој директно работи со пациентите, рече тој.

Од активните 1.687 позитивни на коронавирусот, речиси 200 се хоспитализирани на Инфективната клиника, во Градската општа болница „8 Септември“ и инфективните одделенија во болниците низ државата.

На епидемиолозите ќе им помагаат струни лица од Армијата. Со вклучување на воено технички персонал, низ Скопје ќе циркулираат три или четири екипи кои ќе земаа контролните брисови.

– Имајќи предвид дека епидемиолозите целосно се посветени на анкетите и новите случаи, веќе истекува 14 дена кај голем број на лица кои се самоизолација. Стручни лица од воено техничкиот персонал, епидемиолози или лаборанти, ќе циркулираат низ градот и ќе земаат контролни брисови, и во зависност од резултатот, ако тестот е негативен, да можат излезат од самоизолација, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри