А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За еден ден санкциониран 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и 8 поради поминување на црвено светло

by А1он13/02/2019 - 10:441057
Share0

Во текот на изминатот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди, соопшти полицијата.

Добивај вести на вибер

Од преземените мерки и активности констатирано било дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, додаваат од МВР и посочуваат дека од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило, се наведува во соопштението на полицијата.

Во однос на пешаците санкционирани се 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 134 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

mvrpesacisankciisoobrakaj

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто