За брзо возење 41 казна на територија на СВР Битола

Од:

Изречена 41 санкција за брзо возење на територија на СВР Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (06.01.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 41 возач. Од нив 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Mакедонски државјанин на автопатот кај Ниш возеше со 214 километри на час – плати казна од 850 евра

А1он

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина