За Алијанса за Албанците предлогот на Алтернатива е несериозен

Од:

Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив и не се вредни за дискусија велат од Алијанса за Албаница откако Алтернатива вчера промовираше идеја за формирање Заедница на албански општини во Македонија.

– Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија се наведува во реакцијата од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски