За 8 Март преку видео ќе се привлекуваат жените да пристапуваат во Армијата

Од:

Во пресрет на 8 Mарт, Меѓународниот ден на жената во Министерството за одбрана беше промовирано новото анимирано видео посветено на привлекувањето жени во редовите на Армијата на Република Северна Македонија.

Видеото е изработено заедно со Канцеларијата на UNWomen во Скопје, а има за цел да покаже дека жените и мажите во армијата се еднакви и оти приоритет за Министерството за одбрана е воспоставување целосна родова рамноправност и родова перспектива во армиските редови.

На денешната средба, како што соопштија од МО, координаторката на работната група за родова еднаквост во Министерството, Катерина Ставреска и раководителката на Канцеларијата на UNWomen во Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред заклучиле дека меѓусебната соработка е на исклучително високо ниво и дека од оваа соработка произлегле важни документи што го воспоставуваат системот за целосна родова еднаквост во Армијата, како новото Упатство за организирање и водење на родова обука, Правилникот и Водичот за заштита од вознемирување, како и ново-промовираното видео.

Ставреска посочила дека Министерството интензивно и посветено работи на полето на родовата еднаквост, а пример за тоа, освен споменатите документи е и сертифицирањето и поставувањето на 36 родови советници во Министерството и во сите единици на Армијата, чија задача е да го советуваат раководството, но и вработените за прашања поврзани со родовата еднаквост.

Би можело да ве интересира

Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата