За 7 дена во Битола регистрирани 493 сообраќајни прекршоци

Од:

За седум дена СВР-Битола регистрирала 493 сообраќајни прекршоци кои ги предизвикале возачите, а во 16 случаи сообраќаен прекршок направиле пешаци.

– Во периодот од 17 до 23. ноември контролирани се вкупно 2.233 возила, при што се констатирани 493 прекршоци. Во 44 случаи е констатирано  присуство на алкохол кај возачите, 59 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 109 случаи на пречекорување на дозволената брзина, 7 технички неисправни возила, 35 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 28 случаи на погрешно паркирање, 51 за некористење на сигурносен појас. Констатирани се 4 случаи за минување на црвено светло, 13 за користење на мобилен телефон при управување со возило. Но, сообраќајни прекршоци прават и пешаците и притоа се евидентирани 16 прекршувања на правилата во сообраќајот, информираат од секторот за односи со јавност при СВР-Битола.

Согласно проектот на МВР „Полицијата и граѓаните – заедно“, на територијата на општина Крушево е реализиран состанок на тема „Управувај безбедно со земјоделската механизација“, каде граѓаните се запознати со измените на Законот за возила во делот на легализација и регистрација на трактори, а полициски службеници одржааа и  една едукаѕивна средба со студентите во Технички факултет во Битола.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари