Вучиќ: Еди и Димитар се пофрустирани од мене, им благодарам што беа фер кон Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Самитот ЕУ – Западен Балкан им се заблагодари на Рама и на Ковачевски што биле фер кон Србија, но изрази незадоволство што Македонија и Албанија не добија датум за преговори за ЕУ.

„Денес Србија даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно, ништо не се случи. Ова е неопходно затоа што двете земји направија се. Ви благодариме на сите што ја поддржаа нашата земја. Повеќе од 20 лидери не слушаа за неколку часа и благодарен сум и на Макрон за иницијативата за нова политичка заедница. Само така да бидеме слушнати, нашите европски колеги да не слушнат. Благодарен сум и на Рама и Ковачев што беа фер кон Србија , покажаа почит“, изјави Александар Вучиќ.

Тој се надева дека до септември работите може да тргнат на подобро.

„Мислам дека ќе успееме заедно да ги решиме тешкотиите, како онаа наметната на Северна Македонија. Сакавме сами да се грижиме за нашиот регион, тоа беше идеја. Некој рече дека тоа е идеја на Путин, а јас никогаш не разговарав со него за тоа. Зошто би било потребно? Никому не му требаше освен нас. Конечно, сакам да им се заблагодарам на моите европски колеги за нивното трпение.

Знам дека денес е одличен ден за нив. Разбирам дека Димитар и Еди се пофрустрирани од мене, но мислам дека до септември работите можат да тргнат на подобро. За тоа време ќе спроведеме реформи во областа на правото и во други области“, додаде Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

Вучиќ: Успеавме да ја одбраниме Србија, од нас зависи дали ќе им подадеме рака на противниците

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот