Втората доза „Астра зенека“ ќе се прима на шест недели

Од:

Втората доза од вакцината „Астра зенека“ ќе се прима на шест наместо на 12 недели како досега. Тоа е договорено на состанок со членови на Комитетот за имунизација. Но, и натаму оваа вакцина ќе им се дава само на повозрасни од 60 години.

– Во упатството има флексибилност, а тоа е од четири до 12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги буквално сите публикации и искуства од другите земји во однос на тие првично регистрирани несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е навистина минимален, се одлучуваме ревакцината да не биде четири недели, како што е во упатството, туку да биде шест недели, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

ЕУ го одобри Евушелд на Астра Зенека за лекување на Ковид-19

А1он

Лекот на Астра Зенека за лекување на рак на дојка одобрен во ЕУ

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска