• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Врз основа на ангажманот со Скопје и Софија очекувам „зелено светло“ од ЕУ, изјави еврокомесарот Вархеји

by А1он19/10/2021 - 18:2220/10/2021 - 08:12318
Share0

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска на прес- конференцијата за извештаите за земјите од Западен Балкан не даде дополнителни објаснувања за новинарите и повтори дека очекува до крајот на оваа година „зелено светло“ за преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Запрашан на што го темели оптимизмот за „зелено светло“ од земјите-членки до крајот на оваа година, Вархеји рече дека е „ангажиран со двете страни, Бугарија и Северна Македонија“.

– Се сретнав со лидерите на двете земји и врз таа основа би требало да најдеме решение и да го убедиме Советот да даде зелено светло уште оваа година, рече Вархеји.

На прашање на МИА да објасни зошто пред европратениците тој рече дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев му е „таен помошник“ во преговорите меѓу Скопје и Софија, Оливер Вархеји попладнево изјави:

-Тоа се разбира значи дека работам со европратениците затоа што можат да бидат од помош во пренесувањето пораки помеѓу политичките чинители и се надевам дека пренесувањето на овие пораки ќе помогне да дојдеме до решение, изјави тој.

Вархеји исто така повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат, иако тој во мај имаше различен став кога во интервју за „Евроњуз“ изјави дека ако не се реши проблемот со Бугарија, ќе треба да се разгледува опцијата Албанија да се одвои од Северна Македонија во процесот.

-Двете земји ги исполнија сите критериуми и услови за отворање на првата Меѓувладина конференција и затоа треба да работиме заедно, како што реков во комисијата за надворешни работи, големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување така што сакаме да најдеме решение, рече денеска еврокомесарот за проширување.

eu pregovorioliver varhejivarheji

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски26/09/2024 - 14:1826/09/2024 - 17:38

Вархеји го честиташе изборот на новата Влада

Катерина Ѓуровски24/06/2024 - 08:11

Вархеји и честиташе победа на Сиљановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори

A1on09/05/2024 - 09:43

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

A1on08/04/2024 - 14:5008/04/2024 - 15:45

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Горан Наумовски29/02/2024 - 15:49

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on09/11/2023 - 09:3109/11/2023 - 10:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен