А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Врнежите критични за пчелите, добредојдени за земјоделството

by А1он22/04/2014 - 10:27205
Share0

Променливото време и врнежите што деновиве ја зафатија Македонија се критични за пчелните семејства. Можно е нивно масовно угинување зашто пчелите немаат услови да излезат надвор од кошничките и да обезбедат храна за веќе фромираните ларви.

Добивај вести на вибер

Според агрометеоролозите, дождовите се повеќе од добредојдени за есенските посеви. Го намалија дефицитот во подлабоките почвени слоеви што е многу битно за овошките и виновата лоза.

– Снижувањето на температурите, повремените врнежи и ветерот влијаат крајно негативно врз пчеларството. Можно е да изумрат многу пчелни семејства поради недостиг на храна. Пчелите не се во состојба да излезат надвор, а дождот го измива поленот, вели Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од врнежите ќе се офајдат земјоделските култури, особено есенските кои се во фаза на вретенење, формирање класови и класање, за што им е неопходна голема количина вода.

– Сепак, се уште е рано да се каже дали овие врнежи ќе влијаат врз зголемување на приносите бидејќи ако температурите се зголемат, можно е испарување на дел од влагата во почвата. Тоа ќе се одрази врз исполнување на зрното. Затоа, многу се битни врнежите кон средината и крајот на мај, истакнува Ангелески.

Кај јаболката во Преспа кои процветаа штети нема да има иако на некои се задржаа тенки слоеви снег. Тоа само може да го проретчи плодот, да влијае врз квантитетот, но не и врз квалитетот. Приносот ќе биде ист.

Јавувања за какви било штети од појавата на снег нема и во западниот дел од Македонија.

Во наредните денови се очекува нестабилно време со дожд, а на некои места и град, без поголемо намалување на температурите.

Како што информира Рада Бојковска од хидролошкото одделение при УХМР, нивото на водостоите е зголемено и поради најавените обилни врнежи во одредени делови од државата, можни се локални излевања на критичните места Струмичко, Пелагонија, Полог, Пелинце,…

pcelivremezemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен