Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот, а температурите до 26 степени оптимални за сите видови култури

Од:

Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој.

Споре агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост.

Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент.

-Ова е период на завршено оплодување кај пченицата и почеток на налевање на зрното, клучна фаза за добар принос. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот и на градинарските култури на отворено, а ваквите временски услови се добредојдени скоро за целокупното земјоделско производство поради фактот дека недостасуваше влага во почвата, а за тоа се потребни врнежи, се наведува во агрометеото на УХМР.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он