• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

by А1он23/02/2023 - 15:29313
Share0

Врховниот суд на Република Северна Македонија утврди начелен став за директна примена на Уставот и на Европската конвенција за заштита на човековите права во врска со изјавените жалби против одлуки на републичкиот Судски совет.

Добивај вести на вибер

Начелниот став, како што информираат од Врховниот суд, се однесува на директната примена на одредбите од Уставот и на Европската конвенција кои го гарантираат правото на жалба, судска заштита и ефикасен правен лек.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека прашањето за директната примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права преставувa голем предизвик за Врховниот суд.

-Утврдувањето на начелниот став има големо, може да се каже и историско значење за правосудството, за судскиот систем и за човековите права. Кон начелниот став не треба да се гледа како кон став кој се однесува на индивидуален случај, туку како кон став кој има пошироко општествено и правно значење бидејќи со него се создава судска практика од аспект на примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права, нагласи Адеми.

Покрај утврдувањето на начелниот став, Врховниот суд до Уставниот суд ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на одредби од Законот за Судскиот совет и воедно ќе иницира законски измени до Министерството за правда.

vrhoven

Би можело да ве интересира

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Горан Наумовски17/05/2023 - 13:12

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска09/02/2023 - 17:00

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов15/11/2022 - 10:2615/11/2022 - 14:13

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска03/12/2021 - 11:12

Судијката Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд

Ана Ололовска12/02/2021 - 12:0212/02/2021 - 12:04

Врховен суд ја преиначи пресудата за сообраќајката кај Универзална сала пред пет години

Ана Ололовска10/09/2020 - 12:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен