Врховниот суд одлучува по жалбите на 15 обвинети за настаните од 27 април

Од:

Врховниот суд денеска на јавна седница ги разгледува жалбите на 15 обвинети од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.

Жалбите се поднесени на решенијата на Апелацискиот суд и со нив се бара укинување на мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни за обвинетите.

Според адвокатите на обвинетите, решенијата на Апелацискиот суд се паушални и недоволно образложени и нема основи за влијание врз сведоци со оглед на фактот дека истрагата за овие настани е завршена. Пред петчлениот судски совет на Врховниот суд беше посочено од страна на бранителите дека нема основи и за бегство на обвинетите и оти тие се заинтересирани да се открие фактичката состојба за настаните од 27 април.

Меѓу другите обвинети, за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се бара укинување на мерката притвор, а за пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дуловски укинување на мерката куќен притвор и изрекување на мерки на претпазливост.

Адвокатот на Чавков пред петчлениот совет на Врховниот суд побара укинување на притворот за неговиот клиент притоа посочувајќи дека во затворски услови тој не може да ја има соодветната нега по преживеаниот инфаркт. Посочи и дека основите на сомнение за кои се товари неговиот клиент оти не издал наредба за дополнителни сили на терен не се доволни за изрекување на мерката притвор.

По разгледување на жалбите, Врховниот суд треба да донесе одлуки кои ќе бидат дополнително објавени.

На самиот почеток на денешната седница беше дадена пауза од 45 минути бидејќи, како што објасни претседателот на Врховниот суд и претседавач со советот, Јово Вангеловски, пред почетокот на седницата бил доставен предлог од Јавното обвинителство, што требаше да им биде доставен на адвокатите на обвинетите.

На јавната седница не беше присутен обвинетиот Оливер Поповски, но неговиот застапник, по реакцијата зошто тој не е спроведен, се согласи да се одржи јавната седница без присуство на Поповски.

Муковски, Василевски, Чавков, Димовски, Дуловски, Поповски и полицискиот службеник Мунир Пепиќ се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска