Врховниот суд најверојатно утре ќе ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Од:

Врховниот суд на Република Македонија најверојатно утре ќе донесе одлука за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година.

– Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да очекувате да има брза одлука. Предметот е во Судот помалку време отколку што беше во Обвинителството. Одлука најверојатно ќе има утре, вели претседателот на Врховен Јово Вангеловски во изјава за Телевизија 24.

Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.

Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР. Тие според обвинението се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски