Врховен на Бошкоски му ги запечати петте години затвор

Од:

Врховен суд ја потврди пет годишната затворска казна за Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија за кривичното досие „Кампања“.

Извори од Врховниот суд за А1 ОН потврдија дека пресудата е донесена и предадена на понискиот, Апелациски суд кој пресуди пет години затвор за две кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ и „Незаконско финансирање кампања“.

Апелацискиот ја намали првичната казна од седум години која ја изрече Основниот суд. Со ова завршуваат можностите на Бошкоски пред домашните судски истанци и му останува евентуално судот во Стразбур. Изворите на А1 ОН потврдуваат дека врховните судии не утврдиле повреда на постапката и прекршување на материјалното право, односно дека судот правилно ги утврдил фактите.

Делото со злоупотреба на службената должност и овластување е направено пред изборната кампања за изборите 2011-та, додека другото за незаконско финансирање за време на кампањата. Бошкоски е во Идризово- две години од казната му истекоа- има уште три доколку не се случи порано да биде ослободен. Од кабинетот на претседателот Иванов тврдеа дека немаат начин како да го помилуваат затоа што шефот на државата повеќе го нема правото да помилува по сопствена иницијатива, односно дека Бошкоски мора да поднесе официјално барање преку судот и да се обиде да му се намали казната преку редовната законска процедура.

Освен за предметот „Кампања“   Бошкоски е дел од групата против кои се води постапка   за ликвидацијата на Марјан Тушевски и Киро Јанев во досието под име „Ровер“. Во тој судски процес во тек е испрашување сведоци. Продолжението е закажано за 20 мај.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ