Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Од:

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“ која Апелација му ја намали од изречените 6 години од Кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од Кривичниот суд беше изречена во јули 2018 година.

„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелациониот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако Кривичниот суд му одреди три години затворска казна.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

Би можело да ве интересира

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов