Врховен му го укина куќниот притвор на Мијалков за случајот „Империја“

Од:

Врховниот суд на 27 март 2019 година донел решение по жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Империја“ и му го укина куќниот притвор.

Според образложението на највисокиот суд, решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на општата седница на Врховниот суд одржана на 30 јануари 2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот Сашо Мијалков е определена по барање на СЈО кое не е овластен тужител во оваа постапка.

„Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година“, пишува во решението на судот.

Мијалков сепак останува во куќен притвор за предметот „Титаник 2“, за кој што беше осуден на затвор од 3 години.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков