Врховен и Апелација одлучија: Нема да бидат изземени судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

Од:

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд-Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано.

Решението преку Апелациски суд-Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1.

Како што соопшти Основен суд Скопје 1, врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната во предметот „ТНТ“ за изземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и неговиот заменик, Апелациониот суд-Скопје на 20 април 2018 година донел решение со кое барањето на одбраната се отрфрла како недозволено. Решението е доставено до Кривичниот суд.

По добиена надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по барање на одбраната за изземање на судечкиот совет кој постапува во предметот „ТНТ“ на 23 овој месец донел со кое изземање се одбива како неосновано.

Постапувајќи и по барање на одбраната во предметот од обвинителството „Насилство во општина Центар“ за изземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и неговиот заменик, како и в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, претседателот на судот донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.

За барањето на одбраната во истиот предмет за изземање на судијата поединец кој постапува по предметот, донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.

Би можело да ве интересира

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов

Кумовски односи на судијата и вештакот во ТНТ ја нишаат пресудата

Кристијан Ландов

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов