Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо за четири до пет степени, а ќе има и сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд на места со појава на грмежи и со засилување на ветер. Пообилни врнежи утре се очекуваат повторно во крајниот западен и северозападен дел од земјава.

Преку денот ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер претежно од западен и југозападен правец, на места ќе достигне брзина до околу 60 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 17 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска