Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот во попладневните часови локално ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 27 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.