Времето утре – сончево и многу топло со мала облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15 степени, а дневната од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 32 степени.

Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он