Времето сончево со слаб ветер, викендот намалување на температурата

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Во Скопје, исто така, сончево со мала до умерена облачност и температура до 27 степени, како и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

УХМР и за наредните денови прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса, в сабота ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата во деновите од викендот, особено во северните делови од земјава.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска