Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито

Од:

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Би можело да ве интересира

Денска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Денеска облачно со услови за утринска магла