Денеска облачно со услови за утринска магла

Од:

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време.

По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко.

Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

-Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и топло со утринска магла

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Облачно со сончеви периоди и северен ветер