Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот. Во петок се очекува дневната температура да достигне до 17 степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он