Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер што ќе ја растури маглата.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност преку денот. Претпладне ќе има услови за магла, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурите, а воздушниот притисок нагло ќе порасне за околу 10 мерни единици. Ќе има и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува снег. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, а од вторник по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он