Времено затворен конзулатот на Словенија во Битола

Од:

Почесниот конзулат на Република Словенија во Република Македонија со седиште во Битола е времено затворен, и истиот во секое време може да се реактивира, изјави за МИА почесниот словенечки конзул во Битола, Мишко Мојсов.

Почесниот конзулат на Словенија во Битола беше отворен пред една деценија и до овој момент успешно ги извршуваше сите задачи од надлежност на конзулатот, посочи Мојсов.

– Временото затворање на почесниот конзулат не е невообичаена работа и истиот најверојатно повторно ќе биде отворен кога ќе се зајакнат економските активности и соработка, а во најава се и други планови и проекти за кои е потребна дипломатска поддршка. Лично сметам дека овој кризен период брзо ќе биде надминат и дека конзулатот ќе биде рестартиран, истакна Мојсов.

Инаку, неодамна во Битола беа затворени почесните конзулати на Република Хрватска и на Велика Британија, но, в понеделник ќе биде отворен нов конзулат на Босна и Херцеговина, а за почесен конзул на таа држава во Битола е назначена и ќе биде промовирана познатата македонска пејачка Билјана Дамјановска Јанчевска, која во моментов има своја нотарска канцеларија во овој град.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски