Времена забрана за вршење дејност за четири угостителски објекти

Од:

Четири угостителски објекти што вршеле угостителска дејност без упис во Централниот регистар се откриени во инспекцискиот надзор што вчера и завчера ги изврши Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на територијата на општините Чаир и Куманово. Согласно Законот за угостителска дејност изречени им се решенија за привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.

Како што информираат од ДПИ, во пет угостителски објекти констатирано е непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушење и за нив државните пазарни инспектори ќе донесат решенија  за привремена забрана за вршење угостителска дејност во траење од 15 дена за правно лице и седум дена за трговец поединец.

Во моментот на надзорот во четири угостителски објекти затечени се осум физички лица кои не го почитувале Законот за заштита од пушење и против нив ќе бидат покренати прекршочни постапки.

– За сторените неправилности на правните субјекти им се издадени платни налози во висина од 2.500 евра кои во рок од осум дена треба да ги уплатат во Буџетот на Република Македонија. Доколку платните налози не бидат платени во дадениот рок, против правните субјекти ќе бидат поднесени барања за поведувања прекршочна постапка до Основен суд, велат од ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат преку Одделението за инспекциски надзор-Скопје, во соработка со претставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, завчера изврши 12 инспекциски надзори во угостителските објекти во село Липково, Лојане и Опаје, како и  во градот Куманово, а вчера беа извршени 10 инспекциски надзори во угостителските објекти во Старата скопска чаршија, локалитетот „Треска”, Скопје Север и ТЦ „Чаирчанка”.

Од Инспекторатот нагласуваат дека контролата на угостителските објекти ќе продолжи и во наредниот период на цела територија на Македонија согласно Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг