Време: Сончево и топло до 36 степени

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни планински предели ќе има услови за краткотрајни врнежи од дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со утринска температура до 16 и дневна до 34 степени.

Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени, а во дојранскиот крај ќе преовладува сончево време со максимална температура до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и потопло, а за време на викендот ќе има локална појава на краткотраен дожд.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска