Време: Променливо облачно со магла по котлините

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

И во наредните денови времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во четврток во вечерните и ноќните часови. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува од понеделник.

 

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он