Време: Променливо облачно, попладне со локален дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во среда ќе настапи преодна стабилизација на времето, а нов поизразен влажен бран се очекува в четврток кога ќе има и пообилни врнежи од дожд.

Од петок попладне се очекува заладување и врнежи, но и снег на повисоките места. Во сабота, пак, врнежите ќе бидат претежно од снег.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он