Време: Претпладне сончево, попладне локален дожд

Од:

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот, а во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни.

Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места ќе бидат проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска