Време: Претежно облачно со повремен слаб дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд во утринските часови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе има зголемено наоблачување, со можен краткотраен дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и со појава на магла по котлините и речните долини. Температурата на воздухот нема да има значително промени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он