Време: Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и југоисточните делови каде локално се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до осум степени.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преодно стабилизирање ќе има во вторник кога и дневните температури ќе бидат повисоки и ќе се движат од осум до 14 степени.

 

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска