Време: Oблачно со поројни врнежи од дожд

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно. Ќе има поројни врнежи од дожд наместа проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат изразени во источните и југоисточните делови на земјава и тоа во претпладневните и пладневните часови. Кон крајот на денот би требало да има извесно намалување на облачноста и врнежите ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе дистигне до 13 степени.

Поради топлото време и интензивните врнежи од дожд на повисоките планини ќе има забрзано топење на снежната покривка. В среда ќе има повремени и послаби локални врнежи од дожд, на планините поради заладувањето врнежите ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он