Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за пет до шест степени.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 16 до 22 степена.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремен дожд и со услови за појава на грмежи. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
И во четврток ќе дува засилен северен ветер.
Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво. Се очекува раст на температурите.