Време: Денеска пеколно топло, температурите над 40 степени

Од:

Во Македонија денеска повторно ќе биде пеколно топло со температури над 40 степен и со многу в висок индекс на УВ зрачење.

Македонија влегува во портокалова фаза

Министерството за труд и социјална политика објави дека повторно важи забраната за работа на отворено, за време на најтоплиот период од денот односно во период од 11 до 17 часот.

Во детските градинки децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.

Домовите за згрижување на стари лица да преземат мерки за климатизација на просториите или обезбедување на една ладна просторија (неопходна за портокалова фаза), да се нуди повеќе лесна храна и течности, совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар. Се советува избегнување на директна изложеност на сонце од 11 до 16 часот.

Министерството за труд препорачува центрите за социјални работи да имаат поголема соработка со единиците на Црвен крст и локалната самоуправа во поактивен пристап и помош на осамени стари лица, социјално загрозени лица и бездомници.

Како што се наведува во соопштението, Министерството ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки во негова надлежност за запазување на безбедноста и здравјето при работа.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска