ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Од:

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше ВЛЕН, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години, велат од ВРЕДИ.

– Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на „Ѓока Констракшен“, другиот за да ја спаси својата политичка кариера, додека последниот се труди да дојде на власт и да ги спаси членовите на своето семејство. Народот не е слеп и не пасе трева. Кога ги броеше тендерите и привилегиите, никој не му сметаше на Ахмети, дури ни Груевски или Мијалков.

Денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти. Но секоја општина што ја водеа е во хаос.Нивниот патриотизам е како празно тенџере прави многу врева, а внатре нема ништо.На 19 октомври, Албанците ќе го дадат заслужениот одговор, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита