ВРЕДИ: Од “Пациент“ до милионски тендери, мрачното досие на Бујар Османи

Од:

Бујар Османи не е кандидат на Чаир, за Чаир. Во дваесет години кариера не направил ниту еден проект за општината, ниту помогнал на било кој жител на Чаир. Секогаш бил тука само кога му требала политичка корист за себе. Не направил ниту за било која друга албанска општина, велат од ВРЕДИ во реакција на обвинувањата од ДУИ за Изет Меџити.

Реакцијата, ја пренесуваме во целост:

Факти што Чаир ги знае:
Османи е осомничен во предметот „Пациент“ и доби амнестија за незаконски набавки. На кого сеуште му е должен за таа амнестија, треба да одговори.
Има неколку негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за милионски незаконски трошења како министер за здравство.
Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без никакви документи и покритие.
Заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и српските казина во Македонија, отворајќи врата за сомнителен капитал.
Бујар Османи е долгогодишен пријател и соработник со Артан Груби, Никола Груевски и Сашо Мијалков, луѓе кои се на црната листа на нашите стратешки партнеир, и кои беа дел од истата мрежа што ја уништуваше државата.

Чаир не заслужува кандидат кој дваесет години живее од политички функции, а не од работа за граѓаните.
На 19 октомври, Чаир ќе избере човек кој е тука, кој ги познава проблемите, ги решава и стои до граѓаните – а не политичар кој доаѓа само за да ја надополни својата биографија.

Бујар Османи нека одговори зошто додека целиот свој живто беше министер во сите влади, не обезбеди пари и проекит за албанските општини, зошто не помога за ниту една улица, булевар, градинка или училиште во Чаир, зошто не се градеше ништо во западнито дел од државата.

Топло му препорачуваме да продолжи со празни политикантски флоскули, без содржина и одговорност. Така ќе се открие неговиот кариеризам во целост.

Би можело да ве интересира

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Катерина Ѓуровски

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Горан Наумовски