ВРЕДИ: Минималната плата да биде 24.500 денари се предлага за буџетот за следната година

Од:

Социо-економската состојба на граѓаните е наш главен приоритет. Одкога станавме дел од власта, почнавме да преземаме конкретни чекори за подобрување на економската благосостојба на граѓаните, докажувајќи дека промената е повеќе од ветување, тоа е реалност заснована на дела, велат од ВРЕДИ.

– Ветувањата се свети за нас кога граѓаните ви даваат одговорност да ги застапувате во извршната власт. Затоа, откако коалицијата ВЛЕН стана дел од извршната власт, нејзин приоритет е економската благосостојба на граѓаните, како и обврските дадени за истата. Како резултат на тоа, со задоволство ги известуваме граѓаните дека во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2000 денари, односно 24.500 денари. Ова уште еднаш докажува дека за коалицијата ВЛЕН општото добро е на пиедесталот на владеењето.

Промената не е само ветување, туку реалност заснована на конкретни дела. Со ВЛЕН работниците во Северна Македонија ќе можат да имаат подостоинствени плати за да не гледаат на можноста за заминување како во времето на претходната влада. Напорот за подобрување на условите на работниците се забележува, но не е доволен. ВЛЕН уверува дека за време на целосниот владејачки мандат платите постепено ќе се зголемуваат, а со тоа ќе се зголемува и квалитетот на животот на работниците.

Албанците и сите граѓани заслужуваат подостоинствен живот, заслужуваат повеќе и подобро. Уверуваме дека ќе соработуваме со сите синдикати за да ги слушнеме нивните барања и да ги спроведеме.

ВЛЕН е гаранција за благосостојбата на граѓаните и за поинаков живот. Како што ги зголемивме пензиите и платите на наставниците, така ќе ги зголемиме и минималните плати, така како дел од Владата ќе продолжиме со определбата за спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните, се вели вели во соопштението од коалицијата ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

Минималната плата во Косово во 2026 година – 500 евра

А1он