ВРЕДИ: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ

Од:

ДУИ нон грата се урива како кула од карти! Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата. Артан побегна, Прпарим исчезна, Мерко нема пасош, а ќелиите се дезинфицираат за да ги пречекаат сите, велат од коалицијата ВРЕДИ.

– Најдобриот подарок за Нова Година? Голем катанец за затворање на седиштето на партијата која ја врати корупцијата во систем. ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ. Но, нивниот крај започна, нивните бегства се само доказ дека никој не бега од правдата. Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како “кралот“ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и ВЛЕН носи правда. ДУИ тоне. Прво падна Артан, следеше Прпарим, а ќе следат други. Доста е! Струга, Тетово и сите Албанци чувствуваат мирис на промени. Мерко веќе подготвува два бесплатни кревети во ќелијата, еден за Груби и еден за Бајрами, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска

Продолжува судењето за „Државна лотарија“