ВРЕДИ ги осудува изјавите на „маргинален проруски политичар во Бугарија“

Од:

ВРЕДИ изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“, реагираат од Коалицијата по вчерашните изјави на бугарскиот пратеник и лидер на Преродба Костадин Костадинов.

– Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија. Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции, се вели во ракцијата од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

ВРЕДИ: Најостро ги осудуваме сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите

А1он

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула