ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Од:

ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, велат од ВЛЕН.

– Затоа, најпрво фактите: Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена вредност на неговото портфолио изнесува околу 30.000 евра.

Фактот дека Недим Рама лично, во официјален и јавен документ до кој има пристап секој граѓанин, согласно со законот ги пријавил сите свои финансиски и нефинансиски активности, претставува директен демант на инсинуациите на ДУИ.

Тргувањето со акции во „Мерцедес“ или во други компании, како што се „Ново Нордиск“ и „СОФИ Технолоџис“, претставува целосно законска активност, дозволена согласно со важечките прописи во земјата. Особено кога станува збор за тргување со мал број акции. Дополнително, од тргувањето со акции е остварена капитална добивка, која е транспарентно пријавена и за која е платен данок на државата.

Голема манипулација е јавно пријавен имот да се претставува како „откриен“ или како скриен капитал. ДУИ не приложи ниту еден доказ дека за акциите е употребен еден денар од НОМАГАС, од државниот буџет, од јавен тендер или од незаконски извор, затоа што и самите знаат дека тоа не е вистина. Презентираа само податоци што Недим Рама самиот ги доставил до ДКСК, јавно и транспарентно.

ВЛЕН нема никаков проблем со проверка од која било надлежна институција. Секоја инвестиција, уплата и трансакција може да биде проверена. Впрочем, токму затоа и се јавно пријавени во ДКСК.

Ова се фактите. А кога ДУИ веќе сака да глуми финансиски истражител, нека одговори: Од каде се стотиците милиони евра во имоти и бизниси со кои се поврзува фамилијата на Али Ахмети само на територијата на Скопје?

Како бизнисот на братот на Бујар Османи напредуваше додека Османи извршуваше некои од највисоките државни функции и што се случи со тој бизнис?

Кои државни и институционални врски ги отворија вратите за бизнисите и ангажманите на братот на Арбер Адеми? Како токму семејствата од врвот на ДУИ, по повеќе од две децении власт, станаа сопственици на компании, деловни центри, недвижности, концесии и милионски бизниси? Тоа се прашањата од кои ДУИ бега. Тоа се милионите за кои ДУИ никогаш не сака да одговори.
Наместо одговори, партијата под чија власт израснаа семејни бизнис-империи денес се обидува да произведе „афера“ од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил пред институциите и што се јавно објавени на интернет-страницата на ДКСК.

Ова е панично бегање од сопствените милиони.

Недим Рама го пријавил својот имот. ДУИ се крие зад соопштенија составени од прашалници. Афера е и ќе остане прашањето за стотиците милиони евра за кои ДУИ молчи и кои ги крие зад имињата на децата и браќата на своите највисоки функционери, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?