ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Од:

Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, одбра да молчи пред уште едно ново политичко злосторство, велат од ВРЕДИ.

– Но, молчењето не е доволна за да се избегне одговорноста. Албанскиот народ бара одговори, зошто беше прифатено од нивна страна да дијаспората се третира како „нерезидентна“, кога токму таа ја одржува економијата и ги помага семејствата во секојдневието?

Како што ветивме, ВЛЕН секојдневно ќе ја открива болната вистина за еден процес кој требаше да биде огледало на реалноста, а се претвори во измама и срамно предавство од страна на ДУИ кон Албанците.

Следните примери на манипулација се јасни и документирани, особено во струшкиот регион:

Во селото Радолишта се регистрирани само 1.344 жители над 18 години, додека на изборите во 2024 година гласале 2.397 граѓани, или повеќе од 1.000 разлика.
Во Велешта се регистрирани 2.196 жители, а гласале 2.377, речиси 200 повеќе.
Во Ливадија, исто така, има повеќе гласачи од што регистрирани жители.

Со вакви потези ли мислевте да го намалите бројот на Албанците во државата?

Сега се поставуваат и други прашања на кои ДУИ никако не смее да молчи:

Зошто беше потпишана методологија што го намалува бројот на Албанците во земјата?
Зошто не се заштити придонесот на дијаспората во животот на оваа држава?
Зошто прифативте Албанците надвор од земјата да се одделат од остатокот на народот?

Овие ЗОШТО не се само прашања, тие се обвиненија што тешко паѓаат врз тие што го искористија пописот за партиски интереси.

Ако ДУИ мисли дека ќе го помине ова со молк, тешко се лаже, затоа што ВЛЕН нема да престане да ги открива вистините што се покриени преку овие измами, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието