Вранишковси и членови на ПОА осомничени дека переле пари

Од:

Расчинетиот свештеник Јован Вранишкови и 18 негови следбеници се осомничени дека переле пари преку невладина организација, купувајќи недвижен имот.

Полициксата истрага утврдила дека Вранишковски сакал да ги легализира 250-те илјади евра ги затаил од Македонската православна црква, во што му помогнале неговите следбеници. Преку здружението на граѓани „Анастасија“ со седиште во Нижополе, осумнаесеттемина осомничени во периодот од 2007 до минатата година ги раситниле парите во повеќе поединечни трансакции и ги уплаќале како донации на сметка на Здружението. Потоа купувале недвижен имот.

Во декември била отворена сметка на здружението на која легнале 5 милиони денари. Приближно 180 илјади евра биле планирани за деловен простор во скопска лептокарија. Вранишковски пак купил земјиште во скопско Нерези, кое го платил 140 илјади евра.

На ваков начин пријавените, користејќи го правното лице-Здружението „Анастасија“ од с.Нижеполе, Битола и со купување на недвижен имот на територијата на РМ, а со цел да го прикријат движењето на криминално стеканатите пари и истите да ги прикажат пред државните органи како да се од легални извори-донации, пријавените физички лица и правното лице сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено во чл.273 од КЗ на РМ – изјави Иво Котевски заменик министер за внатрешни работи на денешната прес конференција.

На апсењето на приврзаниците на расчинетиот владика Јован Вранишковски и припадниците на неговата ПОА веднаш реагираше Српската правослвна црква. Во соопштението се наведува наведува дека полицијата брутално се однесувала кон нив.

„Судската власт во Република Македонија одбива да ја регистрира Православната Охридска Архиепископија, која нема никакви извори на приход и практично опстојува од помошта на верниците, па од тука е сосема провидно дека државата под маската на затајување данок спроведува до сега најжестокиот прогон и полициска тортура на верска основа и прогон каков што досега не паметат демократските земји“, се вели во соопштението.

СПЦ. Како што пишуваат упатиле апел до ОБСЕ и до меѓународните организациии да ги заштитат како што се вели „човековите права и верски слободи“ во Македонија.

Одговарајќи на новинарски прашања Котевски рече дека до МВР досега не е пристигната никаква претставка за постапувањето на полициските службеници во текот на акцијата но дека во целост се испочитувани законите и полициските процедури.

Христена Антовска Јованчева

 

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Со светата литургија во Охрид, ПОА на Вранишковски припоена кон МПЦ

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

МПЦ го почна обединувањето со ПОА на Вранишковски, распределбата на епархиите ќе биде усогласена со српската црква

Синодот утре одлучува за обединување на МПЦ со ПОА на Вранишковски

Катерина Ѓуровски

Врховен потврди дека расчинетиот владика Вранишковски перел пари

Васко Маглешов