Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Од:

Вработувањата во здравство не се предизборни, тоа се лица кои веќе работат по клиниките, тврди премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање зошто се вработуваат 1.117 лица во јавното здравство.

– Не би кажал дека се предизборни вработувања, туку се работи за 1.117 лица кои се веќе ангажирани и работеле на определено место во јавното здравство, дел од нив се доктори, медицински сестри и помошен персонал од кои зависи работењето на институциите.

Министерот Меџити скааше нивниот стасус да биде решен бидејќи дел од нив го напуштаат јавното здравство, а се стекнале со знаење кое не се надоместув лесно, затоа имаа подолги разговори со министерот за финансии да го решат проблемот. Тие и така земаат плата. Не се работи за никакво предизборно ветување бидејќи тие се луѓе со кои сме се сретнале со нив, сме биле нивни пациенти и не се работи за нови вработени – рече Ковачевски.

Тој сугерираше на новинарите да го прашаат зошто Владата одвоила 32,5 милиони евра за 44 ошштини и 66 проекти и дали е тоа во предизборни цели, но не дочека да го прашаат и си одговори веднаш.

– Но, тоа не е предизборно, затоа што најголем дел од општините се водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Не значи дека граѓаните на Скопје и другите 44 општини треба да немаат она што може да го овозможи Владата само поради изборите во мај. Избори ќе има и во 2025 година, еве кај и да е, ќе истече и мандатот на градоначалниците, а ништо не направија најголемиот дел од нив – додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Tаравари: Ветените над 1.000 вработувања готови до крајот на јануари

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Мицкоски: Васко Ковачевски не е во Македонија, за брзо време ќе го најдеме

Горан Наумовски

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ