Вработените по Рамковен до крајот на јануари ќе мораат да почнат со работа

Од:

1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе започнат со работа во новите институции во кои се распределени.

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.

„Ако по било кој основ било кој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена му се прекинува работното место“, вели Груби.
Тој ги наброја некои од институциите каде овие лица ќе бидат прераспределени.

„Агенција за вработување 20, Агенција за катастар 29, Агенција за храна и ветеринарство 10, Дирекција за заштита и спасување 10…“, рече Груби.

Тој нагласи дека во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…

Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка по однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста