Вработените од СЈО почнаа да си одат, истражителите на Русковска уште собираат документи

Од:

Речиси четири часа поминаа во зградата на СЈО, истражителите кои ги испрати обвинителката Вилма Русковска, за да ја подигнат фианансиската документација за надоместоците кои екшефицата на СЈО, Катица Јанева, им ги делела на нејзините колеги, стручните соработници, истражители и други вработени.

dobivaj vesti na viber

Вработените во СЈО по завршувањето на работното време излегоа од задниот влез на Обвинителството. Нема информација од СЈО до кога се очекува да останат истражителите внатре.

Извори од СЈО тврдат дека истражителитите кои ги испратила шефицата на Организиран криминал, Вилма Русковска, ги барале одлуките за високите исплатени надоместоци за вработените и договорите кои ги имале со СЈО.

Обвинители од СЈО, кои не сакаа са говорат јавно, зад камерите тврдат дека нема незаконитост во доделувањето на парите, бидејќи и додатоците и надоместоците биле исплатени во согласност со Законот за СЈО и за тоа знаеле и Советот на јавните обвинители и Собранието кое го изгласало нивниот буџет.

Според базата „Отворени финансии“ Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 илјади евра. Само за 2019 година зела 28 455 евра. Јанева седум месеци си доделувала по 4.000 евра како надоместоци за доверливост, да не се откриваат разговорите од прислушуваните материјали.

Јанева им давала високи суми и на своите соработници. Нивната висина се дрвижела од 50 илјади денари до 180 илајди денари месечно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Ана Ололовска