Вработените од Охис повторно на протести

Од:

Вработените од Охис повторно на протести. Пропаѓањето на 11-от тендер на Охис ги врати работниците повторно на улица.

Незадоволни од тоа што се уште нема решение за државниот загубар, тие пред два дена го блокираа булеварот „Борис Трајковски“ во близина на фабриката.

Синдикатот побара од Владата исплата на дел од 19-те заостанати плати и конечно решение за некогашниот хемиски гигант.

12-от обид за продажба на загубарот веќе го најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Производствените погони на Охис се под клуч цела година.

Работниците се доведени на работ на егзистенцијата.

Во претходните 11 неуспешни тендери Владата на неколку пати ги менуваше условите за продажба. Некои од уловите за продажба се задржување на дејноста и на вработените.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

A1on