И утрово тие го блокираа булеварот „Борис Трајковски“ веднаш до фабриката.
Се уште немаат договорено средба, односно ниту еден владин претставник или ресорен министер не се огласил за нивното прашање по пропаѓањето на 11-от тендер.
Од работничкиот синдикат не ја исклучија можноста за радикализација на протестите доколку нивното прашање не се најде на дневен ред на селдната владина седница.
Во меѓувреме, државата на вработените од Охис им должи 19 плати, а веќе неколку години тие немаат добиено ниту сини здравствени картони.
Пред само неколку дена министерот за економија Ваљон Сарачини најави и распишување на 12-ти тендер.